Вчера во просториите на ОУ „Христо Узунов“, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот Димитар Спасески со своите соработници, остварија средба со жителите на Урбаната заедница „Горна Влашка Мала“.
На средбата граѓаните најзаинтересирани беа за подобрување на инфраструктурата, изразувајќи задоволство од начинот на непосредба комуникација со одговорните лица во локалната самоуправа.
Градоначалникот Бакрачески потсети на зафатите кои локалната самоуправа ги реализира во изминатиот период и плановите за идните урбани решенија. Тој најавуваји дека наскоро целосно ќе биде реконструирана улицата “Питу Гули“, додека инфраструктурно ќе бидат ревитализирани повеќе споредни помали улици.
„На просторот од детската градинка и на спортскиот полигон кај Стобекс, ќе бидат монтирани нови спортски справи и детски реквизити, а ќе се уредат и други спортски терени.“ – информираат од локалната самоуправа.
Исто така, беше разгледана можноста од изградба на централен плоштад кај „Чинарот“, при што, доколку не постојат имотно – правни пречки, би се реализирала во најкраток можен рок.
Инаку, на собирот учествуваа и директорите на јавните претпријатија, кои одговараа на повеќе прашања од граѓаните.
OhridNews