Деновиве во официјална посета на Република Македонија престојува делегација од Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент, при што беше остварена средба и со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

На средбата беше разговарано за соработката помеѓу двете земји, посебно во делот на туризмот, економската соработка, предизвиците на локалната влст, стратешките приоритети и ангажирањето на локалната самоуправа во делот на аплицирање и остварувањето на европски проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка на граѓаните на општина Охрид.

Претходно, претседателот на Република Македонија, д-р
Ѓорге Иванов, делегацијата ја прими во „Вила Билјана“ во Охрид,
при што порача дека земјава ќе продолжи со спроведувањето на неопходните
реформи и подготвено ќе ја дочека одлуката за старт на пристапните
преговори со ЕУ, кога таа ќе биде донесена.

OhridNews