Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера оствари протоколарна средба со охридскиот муфтија Африм Џелили.

На средбата беа разменети мислења за интензивирање на понатамошната соработка со муфтивството во Охрид.

Исто така, беше разговарано и за остварување на проекти и активности кои следат во насока на изградба на потребната инфраструктура според муслиманските обичаи, а Бакрачески изрази подготвеност да излезе во пресрет на граѓаните со муслиманска вероисповед.

OhridNews