Од локалната самоуправа информираат дека и покрај одредени потешкотии со кои се соочиле во изминатиот период околу набавката на нафта за греење во училиштата во општина Охрид, се преземаат мерки за тековно затоплување на училишните простории и спортски сали.

За жал во изминатиов период постапката за набавка на нафта за греење, иако беше навремено почната, не се реализира затоа што немавме доволно понудувачи. Сега секторот за јавни набавки е во фаза на преговори и ќе се спроведе постапката за набавка и се надевам дека училиштата навреме ќе се снабдат со нафта, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека меѓу основните приоритети на локалната самоуправа е образованието во општината и создавањето на услови за непречено одвивање на наставата.

OhridNews