„Предците чие дело го славиме денес, го исполнија својот долг кон татковината, сега е редот на нас. Само со чесен и искрен пристап, верба во себе и во иднината на овој град, упорно и посветено соочување, а не избегнување на предизвиците ќе ги добиваме битките денес, битки кои ќе значат повеќе работни места, економски раст, стабилност и просперитетна иднина. Бидете уверени дека овој град ќе оди напред, ќе оди напред со сите вас“, истакна во својот говор Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на вeчерашната свеченост по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

-Ние како генерација сме обврзани да го почитуваме минатото и врз таа основа да ги воспитуваме и учиме новите генерации. Ние сега имаме обврска да се грижиме за развојот на Охрид и на Република Македонија, да овозможиме подобар  живот и повисок стандард на граѓаните и брз економски раст. Тоа е најважната битка која ни следи во идниот период и на која треба да сме силно фокусирани. Ги вложуваме сите наши напори да создадеме општество кое ќе ги вреднува вистинските човечки квалитети. Тоа е нашиот долг и наша одговорност кон историските фигури кои ги вградија своите животи во каузата за Независна Република Македонија, рече меѓудугото во своето обраќање Бакрачески.

Градоначалникот потенцираше дека ниту еден државен празник не е празник на припадниците една политичка партија, еден етникум или една вера и дека одбележувањето на историските моменти кои се значаен дел од историските движења на еден народ претставуваат култура на почитување на историјата.

Во рамки на свечената програма за одбележување на празникот која ја организираше општина Охрид, настапи хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“, ансамблот „Билјана Јуниор“, виолинистот Игор Бежаноски, учениците од рецитаторската секција во ОСУ „Св.Климент Охридски“, Танцовиот клуб „ Соната“, а присутните имаа можност да го проследат и настапот на актерот Ивица Цонев кој ја рецитираше песната „Македонијо кога ќе те по македончиме” од Радован Павлоски.

OhridNews