По повод големиот празник на граѓаните со муслиманска вероисповед  Курбан- Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески со дел од соработниците, присуствуваше на обичајот на принесување на курбанот- жртвата. Беа принесени девет глави добиток, а месото традиционално  беше поделено на повеќе од триста семејства од  социјално ранливи категории од Охрид.

-Ви го честитам големиот верски празник Курбан-Бајрам и Ви посакувам да ја продолжите традицијата на обичаите  кои сте ги  наследиле од постарите генерации.Преку нив се слави солидарноста, хуманоста и правењето добри дела. Тоа се универзални вредности кои стремат кон искрен соживот, меѓусебно разбирање и давање придонес за развој на општествената заедница- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Во името на организаторите,Фаик Бајрам изрази  благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа за поддршката на овој настан, со уверување дека и во иднина ќе се почитува долгата традиција на взаемно почитување и изградба на заедничка подобра иднина за сите граѓани.

OhridNews