Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во друштво со струшкиот Зијадин Села и министрите за надворешни работи и странски инвестиции, Никола Попоски и Бил Павлески беа почесни гости на “езерската“ пресметка во Првата машка ракометна лига.

– На теренот двете екипи го оставија срцето за да стигнат до толку посакуваната победа. Немаше да биде незаслужено една од двете состави да забележи победа, но на крајот испадна најреално – рече Бакрачески.

Ремито со “езерскиот“ ривал не го промени расположението на охридскиот градоначлник, кој најави голема помош за спортот во Охрид, а посебно ракометот.

– Спортот ќе котира високо на мојата агенда како градоначалник на Охрид. Јас ќе бидам отворен и транспарентен за сите кои сакаат да помогнат и да го развиваат спортот во Охрид. Посебен акцент ќе ставиме на ракометот, кој е заштитен знак на Охрид. Секогаш како градоначалник ќе бидам тука да ја помогнам секоја спортска манифестација или клуб –
заврши Бакрачески.

Мх.П.