Актуелниот градоначалник на Охрид Д-р Никола Бакрачески се’ уште не знае дали ќе се кандидира за нов мандат на локалните избори кои претстојат во 2017 година.

-Во овој момент најискрено, не размислувам за тоа дали треба или не треба да се кандидирам, туку на исполнувањето на ветените проекти на граѓаните на Охрид и исполнување на проектите кои ние како локална самоуправа ги зацртавме на почетокот од 2017 година. Сите тие обврски не даваат баш многу време за калкулации околу кандидирање за нов мандат или не. Ни претстои  многу напорна рабоита на почеток на 2017 година, имаме голем број проекти коишто се започнати во 2016 година и навистина мора да бидат завршени на почетокот на 2017, што подразбира внесување на нови мерки и активности за завршување на овие проекти и ангажирање и мобилизирање на сите можни ресурси на локалната самоуправа за тие да бидат испорачани на граѓаните на Охрид. – изјави на прашање на OhridNews градоначалникот Бакрачески.

ОhridNews