– Инспекциските служби имаат добиено инструкции како да постапуваат при секое непочитување на работното време или пак надминување на дозволениот максимум во однос на јачината на музиката од кафулињата. За секое непочитување на пропишаните одредби ќе следат строги санкции, рече Бакрачески кој додаде дека ќе се преземаат мерки и доколку се утврди дека постои непочитување на утврдениот летен режим на сообраќај.
Во однос на барањето на советникот Томислав Тунтев за ревидирање на активностите кои се вршат на Плаошник, Бакрачески со одговор дека станува збор за проект на министерството за култура и дека во однос на реализацијата на проектот,локалната самоуправа нема ингеренции.
– И покрај тоа ќе побарам информации за сите активности кои се преземаат на Плаошник и доколку некои од нив се спротивни на интересот на граѓаните, ќе биде побарано нивно стопирање, изјави градоначалникот.
На прашањето околу динакмиката со која се одвива постапката за легализација на диво изградените објекти, Бакрачески со објаснување дека во последните три месеци се издадени 221 решение за легализација, а до крајот на неделава ќе се издадат уште 30 решенија. При тоа, не пропушти да направи споредба со бројот на издадени решенија во текот на последните три години кога биле издадени само 600 решенија за легализација од вкупно поднесени 11 000 барања.
На поставено прашање од советникот Јован Стојаноски, Дали општина Охрид ќе направи конкретни програми со кои би се спречила миграцијата на младите, Бакрачески со објаснување дека токму заложбите за реализација на капиталните инвестиции, за поддршка на мали и средни претпријатија и за развој на туризмот, се дел од мерките кои се преземаат за задржување на младите кадри во Охрид.
Бакрачески со информација и дека се утврдени две локации на кои ќе се градат јавни тоалети, а во однос на изградбата на современа автобуска станица и затворен пазар со објаснување дека во тек е интензивна подготовка за реализација на двата проекти кои се врвен приоритет за локалната самоуправа, а за кои во изминатите три месеци бил пројавен интерес од страна на многу инвеститори.