На првиот школски ден, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, обраќајќи се пред охридските гимназијалци укажа на значењето на образовниот процес како клуч за успешно отворање на животните врати.

Како што рече Бакрачески, младите треба да ги развијат своите таленти, вештини и интелект за да можат да помогнат во решавањето на најтешките проблеми.

Би сакал да се  фокусирам на одговорноста што секој од вас ја има за вашето образование. Сакам да започнам со одговорноста што треба да се има за себе. Секој еден од вас е добар во нешто. Секој еден од вас има нешто да понуди. И вие имате одговорност да откриете што е тоа. Тоа е можност што образованието може да ви ја обезбеди. Ако не го сторите тоа – ако го прекинете школувањето – вие не сте раскинале само со себе, туку сте раскинале со нашата земја.“ – рече Бакрачески.

Исто така, охридскиот градоначалник одржа работен состанок со наставниот кадар од ОСУ „Св. Климент Охридски“, на кој што ги сослуша проблeмите и потребите на професорите.

Тој потенцира дека локалната самоуправа во рамките на своите ингеренции, ќе работи на подобрување на условите и начините за реализирање на наставната програма во училиштето.

OhridNews

тој ги сослуша проблeмите и потребите на професорите, потенцирајќи дека локалната самоуправа во рамките на своите ингеренции, ќе работи на подобрување на условите и начините за реализирање на наставната програма во училиштето.