Кандидатот за градоначалник од коалцијата За подобра Македонија, Никола Бакрачески, со обвинувања до Локалната самоуправа и градоначалникот, дека во изминатите 8 години ги заборавиле реалните инфраструктурни потреби и проблеми на Охриѓани.

– Улиците во градот ги претворија во базени преполни со вода после првите капки дожд,  времето го потрошија на креирање детални урбанистички планови и креирање на начини за експериментирање со паркинг просторите низ градот. Наместо целосни , издржани и комплетни идејни решенија и проекти ,  резултатите од нивните “експертски” преземања  беа минималните, инсуфициентни и импровизирани зафати претежно до 2009 година  со кои не само што не успеаа да одговорат на минималните потребите на граѓаните ,ниту да ги оправдаат можностите според Буџетот на Општината , туку ја доведо во прашање и безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Немањето на интервенции во последните 4 години доведе  Охрид  да остане без најважниот елемент –  убаво уредени, асфалтирани улици и безбедни улици и тротоари, рече Бакрачески.


Бакрачески со ветување до охриѓани дека по преземањето на функцијата Градоначалник ,ќе ја  мотивира локалната администрација и надлежните сектори да преземат се што е потребно , со цел- во најкраток можен рок да се направи ребаланс на Буџетот за 2013 години и да се подготви документација за реализација на неколку инфраструктурни проекти. Меѓу нив, реконструкција и надградба на улиците Питу Гули со краците на истата улица,  улицата Абас Емин , улицата Мирче Ацев, улицата 7 ноември , улиците и краците Радојца Новичиќ и улицата Живко Чинго.

– Секако дека активно ќе интервенираме и на другите улици па затоа ќе изградиме и пешачка патека  и патеки за велосипедисти на улицата Асном ,познатата и опасна „110-ка“ за што во програмата предвидуваме 3.000.000 денари од Буџетот на Општината ,  ќе изградиме и тротоари на улицата Ристо Чадо за безбедно движење за што се предвидени 6.100.000 денари во Програмата. Исто така ќе инвестираме 12.500.000 денари за изградба на пешачка патека Охрид-Рача –Св.Стефан, рече Бакрачески.

Нагласувајќи дека интересот на граѓаните е најважен, Бакрачески вети беспрекорно организирани улици во градот и подобри услови за живеење во сите сфери.

OhridNews