Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорите на охридските јавни претпријатија, денес изврши неколку часовна обиколка низ стариот дел од Охрид, со цел да се сретне со жителите и слушне за проблемите со кои тие се соочуваат.
Најголемиот број од проблемите за кои беше запознаен градоначалникот беа од комуналната сфера и инфраструктурата. Се разгледуваа можностите за изградба на нови паркинзи, уредување на одредени локации, подобрување на канализациската и водоводната мрежа, изградба на паркови, и обновување на уличното осветлување во стариот дел од градот .
Градоначалникот Бакрачески најави дека наредниот период надлежните служби ќе излезат на терен и ќе започнат со уредување на јавните површини од овој дел на Охрид.
OhridNews


















