Од 27-ми до 30-ти јуни, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ќе престојува во работна посета на Израел.
Целта на посетата, на која се предвидени средби со градоначалникот на Ерусалим, официјални лица и претставници од бизнис заедницата,
е да се афирмира идејата за збратимување на Охрид и Ерусалим.
„Во Тел Авив предвидено е Бакрачески да се сретне и со познати инвеститори пред се’ во туристичкиот сектор. Меѓу другите и со бизнисменот Омри Шарон кој се интересира за инвестирање во фарми за добиток во Охрид, а ќе го посети и центарот Гион кој е главен центар за третман на отпадни води во Ерусалим.“ – информираат од локалната самоуправа.
Оттаму потенцираат дека посетата на Ерусалим и Тел Авив отвора перспективи за соработка помеѓу двете земји.
OhridNews