Охридските фудбалери на домашен терен испуштија шанса за триумф над Тиквеш и реванш за минатогодошниот пораз од 9-1. “Рибарите“ со ремито без голови на “Атина Бојаџи“ стигнаа од 13-от бод, прв во втората полусезона.


– На толку неискористени прилики добро е што гостите на крајот на мечот не на казнаа. Среќата ни ги сврте грбот, а и ние требаше да бидеме повеќе агресивни во нападот. Игравме одлично, создававме прилики пред противничкиот гол, недостасуваше само реализација. Ако продолжиме во ваков стил и на наредните натпревари погодоци ќе стигнат –
рече Александар Бакулески.

Охридските фудбалери во 18-та рунда од Втората македонска фудбалска лига гостуваат кај екипата на Руфеја.

Мх.П.