Составот на Охрид ја забележа третата победа во второлигашката конкуренција, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада Тетекс. Творци на победата беа Александар Бакулески кој го изнуди пеналот и Ајрадин Цуцули кој погоди од белата точка во 62-та минута од натпреварот. Триумфот и трите бодови се значајни за охриѓани во исполнувањето на целта и борбата за што подобро место на табелата во Втората МФЛ.

За нас натпреварот беше тежок од псилошки аспект, после два минимални порази на гостински терен. Имавме голема обврска да го вратиме победничкиот дух во екипата и да победиме. Победата им ја посветуваме на „Рибарите“, сите љубители на фудбалот во Охрид, управата, стручниот штаб и на сите мои соиграчи, кои не беа во можност да играат против Тетекс. Сакам да им честитам и на нашите противници кои беа фер и коректни. – рече Александар Бакулески.

Искрено, задоволен сум од играта и ангажирањето на нашата екипа. Во текот на целиот натпревар имавме иницијатива и знаевме што сакаме, направивме доста изгледни шанси за гол од кои треба да се реализира, меѓутоа на крај пеналот испадна пресуден. Среќен сум за освоените три бода и им честитам на играчите. – изјави асистентот Марино Маркоски.

 

На почетокот од вториот круг во второлигашката конкуренција, Охрид ќе го започне на домашен против лидерот на табелта, Гостивар.

  • Резултати 9.рунда:

Скопје – Кораб 1-0

Велазерими – Дрита 3-2

Вардар Форино – Велешта 3-2

Кадино – Гостивар 2-0

Охрид – Тетекс 1-0

Табела: Гостивар 20, Скопје 18, Велешта 15, Кораб 14, Велазерими 13, Кадино 12, Охрид 12, Вардар Форино 11, Тетекс 6, Дрита 4

OhridNews

 

„Рибарите“ со познат рецепт до нова победа во Втората лига