Охридските стрелци Михаил Шишкоски и Нина Балабан на Државното првенство во Охрид ги одбранија титулите во своите категории и тоа со нови лични и државни рекорди.



– Големо е задоволството да се одбрани титулата и подобри мојот рекорд на домашен терен во Охрид. Многу сум задоволна од мојот настап и добро би било да учествуваме на сите меѓународни натпревари на кои сме поканети –
рече Нина Балабан.

По подолго време Охрид беше домаќин на еден ваков настан. Шишкоски очекуваше повеќе, но задоволен е со постигнатите резултати.

– Притисокот поради домашниот терен беше голем, а и влогот во Државното првенство. Очекувано беше дека ќе испукам толку кругови, но сепак јас очекував дека ќе бидам уште малце поуспешен – реше Михаил Шишкоски.

Тренерот на охриѓани, Валентина Гоџоска по завршувањето на првенството единствено беше разочаранана од јуниорите, кои не беа на висина на задачата.

Мх.П.
фото : „Архива“