Еден од подобрите фудбалери во новото време на Германија, Михаел Балак означи крај на својата кариера.


36 годишниот Балак кариерата ја започна во Кајзерслаутен, продолжи во Леверкузен, потоа направи трансфер во редовите на Баерн Минхен. Од “бундес лигата“ Балак се пресели во Премиер Лигата во тимот на Челси.


Балак во германската репрезентацијата беше незаменлива алка во средниот ред, а долго време ја носеше и капитенската лента. Во 98 натпревари за Германија, Балак постигна 42 гола а во 2002 година на СП ги предводеше “панцирите“ до сребрениот медал.

Мх.П.