Капитенот на германската фудбалска репрезентација Михаил Балак се простува од националниот тим. Во соопштението на германската федерација е наведено дека прошталниот меч ќе биде на 10 август кога ќе се сретнат Германија и Бразил.
Балак во дресот на репрезентацијата одигра 98 натпревари. Настапи на европските првенства 2000, 2004 и 2008 година, како и на Мундијалите 2002 и 2006 година. На последниот Мундијал во Јужна Африка минатата година не играше поради повредата на скочниот зглоб која ја заработи во март 2010 година.
“извор Макфакс“
Ohridnews
 
					 
					
						© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com