Голема сага се разви по барањето од клубовите кон Кошаркарската федерација на Македонијa да нема ограничување на странците во екипите. Кошаркарите веднаш преку новоформирано здружение остро реагираа и ја отфрлија идејата за таков потег.

Барањата на прволигашите не одат во прилог на никого бидејќи така се става во неизвесност македонската кошаркарска иднина.
– Како тренер а и долгогодишна кошаркарка никако неможам да се сложам за овие барање на клубовите. Македонија е земја од каде излегле многу квалитетни кошаркари и кошаркарки кои настапуваат по целиот свет. До колку се исполни ова нивно барање лигата ќе биде „пазар“ на кошаркарски ресурси во Македонија каде нашите таленти и идни репрезентативци ќе мораат да се задоволат со настапи во втората лига и секогаш ќе бидат во втор план – додаде Балазоска.
За ваквите барања според Балазоска кошаркарските клубови копираат од ракометот каде се донесуваат странци, ама далеку поквалитетни од оние во кошарката.
Мх.П.










