– Во лоши и мизерни услови за игра претрпевме неочекуван пораз. На многу делови од теренот топката воопшто не отскокнуваше, а капак на сивата слика во Неготино беше судиската тројка Дамески, Поповски и Лаиков која не бираше начин да му помогне на домаќинот – рече Балазоска.
Во ваквата ситуација на теренот охридските кошаркари беа немоќни да сторат нешто повеќе и во Охрид да се вратат со два “планирани“ бодови.
– За лошата игра нема оправдување бидејќи изгубивме од последнопласираниот тим во лигата. Несватливо е да се направат толку технички грешки во еден натпревар, кој требаше да биде загревање за престојниот дерби натпревар со Карпош Соколи – заврши Балазоска.
Охриѓани в сабота со почеток во 16 часот во спортската сала “Билјанини Извори“ ќе го пречекаат аспирантот за висок пласман тимот на Карпош Соколи.