Тренерот на охридските кошаркари Весна Балазоска после убедливиот пораз од Карпош Соколи не го криеше незадоволството од играта на своите пулени.


– Шок терапијата од Неготино не вроди со плод. Разочарана сум од пристапот и од играта во текот на мечот. Несвојствено за една екипа во кошарка да постигне само два поени за една четвртина. Ова е катастрофа – потенцираше Балазоска.


На спротивната страна гостинскиот тренер Огнен Дедиќ беше задоволен од победата. Тој го смета Карпош Соколи за главен кандидат за првото место кое води во Супер лигата.

– Очекувавме победа но не вака убедлива. Ние нашата форма ја навивме уште на стартот на првенствот на турнирот во Кавадарци, а ја потврдивме со триумфот против Струмица во Купот на Македонија. Во Охрид бодовите ние беа вкалкурани поодамна –
рече Дедиќ.

Мх.П.