Кошаркарите на Лихнидос прокнижија нови два бода откако на домашен терен го совладаа Тетекс со 85-67. Со оваа победа “белите“ ќе се прицврстат на средниот дел од табелата додека “штофарите“ до крајот на сезоната ќе бркаат опстанок во Втората лига.

– Бодовите од натпреварот со Тетекс ни беа в калкулирани, а фаворитската улога ја потврдивме на теренот. Во првите две четвртини одигравме одлично кога и ја направивме клучната разлика за победа. Третиот и четвртиот период игравме порелаксирани им дадов шанса на сите кошаркари – истакна тренерот на Лихнидос, Балазоска.

Балазоска која долги години е активна во македонската кошарка имаше доста забелешки за судењето тројката на чело со припелскиот арбитар Деспортовски Пеце, кој со дискутабилните го навлече гневот на двете екипи и публиката.

Мх.П.