Детската балетската претстава ,,Волкот и седумте јариња’’ ќе се прикажува повторно на сцената на Центарот  за култура ,,Григор Прличев” во Охрид, во текот на месеците февруари и март.


За кореографијата на оваа претстава, која со своето прво прикажување привлече големо внимание кај најмладите охриѓани, беше задолжена Јулија Милески, а костимите ги подготви Мирослав Рувиноски. За сценографијата на претставата се погрижи Љупчо Сидороски, а за мизиката Јовица Караклиевски. За осветлувањето на сцената е задолжен Зоран Левески.

Балетската претстава е проект на охридскиот Центар за култура и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. 

OhridNews