Балканот оваа зима ќе биде посебно погоден со ледено време, а од Европскиот метеоролошки центар прогнозираат температури и до минус 30 Целзиусови степени, пренесува Слободна Европа.

Руските метеоролози пред неколку дена прогнозираа најстудена зима во последните 1.000 години, а слично предупредување овие денови стигна и од Рединг.

Како што наведуваат во Европскиот центар за среднорочна прогноза, Европа ја очекува невообичаено студена зима како последица на невообичаено топлото лето на североистокот на Европа и поголемиот дел на Сибир. Најстудено ќе биде на Балканот.

OhridNews
извор:„Макфакс“