Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во текот на последните 24 часа во соседните земји се случиле низа земјотреси.

Последниот со јачина од 3.8 стпени според Рихтер, во 12.26 часот  е регистриран во Грција, каде денес е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 3.3 степени со епицентар на 41 километри југо-источно од Ново Село-Македонија. Денес земјотрес од 2.1 степени е регистриран и во Бугарија.

Во текот на вчерашниот ден послаби земјотреси регистрирани се во соседна Албанија и Грција.

OhridNews