Голем број пријатели, обожаватели, соработници со голема тага се простуваат од познатата српска глумица Неда Арнериќ, која почина вчера, на 67-годишна возраст.

Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, а нејзиното тело го нашол брат ѝ. Веднаш на местото на настанот пристигнале полицијата и итната помош. Од таму велат дека не биле откриени траги од насилство.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година. Таа имаше богата актерска кариера. Арнериќ, која се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, се повлече од јавноста кон крајот на 2018 година кога почина нејзиниот сопруг.