Со головите на Марио Манџукиќ и Ивица Олиќ репрезентацијата на Хрватска славеше триумф 2-0 над Србија во “Балканското“ дерби.


Во третиот натпревар од групата селекцијата на Велс со погодоците на Ремси и Хобсон Кану направија пресврт против Шкотска 2-1 и прокнижија нови три бода. Белгија на “Филип Втори“ со 2-0 ја совлада Македонија и заедно со Хрватска се издвоија на табелата во групата А.

Резултати : Хрватска – Србија 2-0, Шкотска – Велс 1-2, Македонија – Белгија 0-2

Табела : Белгија 13, Хрватска 13, Велс 6, Србија 4, Македонија 4, Шкотска 2.

Во наредната шеста рунда ќе се сретнат селекциите на Белгија – Македонија, Велс – Хрватска, Србија – Шкотска.

Мх.П