– Сме знаеле отсекогаш нашето културно богатство да го зачуваме да го пренесеме на генерации, да го развиваме и врз него да го градиме и развиваме нашиот национален идентит. Во исто време секогаш сме ја покажувале нашата отвореност нашето почитување на културата на другите народи сфатени во најширока смисла и со нив да ги споделуваме овие вредности без оглед дали станува збор за фолклор, песна, поезија или уметност. Сето ова денеска со право не потврдува како дел од европската култура, како дел од целокупното цивилизациско и културно наследство, рече претседателот на Собранието, кое е покровител на манифестацијата.
Учесниците на фестивалот ги поздрави и заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, кој посочи дека во изминатите пет децении на Балканскиот фестивал на народни песни и игри настапиле над 50000 изведувачи, играорци и инструменталисти од сите континенти, создавајќи преку игра и песна нераскинливи пријателства меѓу различни култури и традиции.
– Не случајно овој фестивал ќе биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолклорни манифестации во светот, рече Недељковиќ.
Јубилејниот Балкански фестивал, што се одржува во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Министерството за култура, со целовечерен концерт го отворија најпознатиот македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ и реномираниот ансамбл „Филип Кутев“ од Софија, Бугарија.
Годинава на Балканскиот фестивал, ќе настапат ансамбли и фолклорни групи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Романија, Хрватска, Словачка и од Турција. Концертите ќе се одржуваат на сцената на Долни сарај, а алтернатива е Центарот за култура.
фото: Емилио