Здружението на балканските Египќани во Македонија заедно со реонските попишувачи од заедницата на балканските Египќани, утре организира музички концерт кој воедно ќе биде искористен како можност присутните да се запознаат околу прописите и начинот на спроведување на пописот на населението. Како што потенцираат од здружението, се со цел Египќаните да бидат објективно попишани и да нема злоупотреби против волјата на граѓаните.

Музичкиот концерт ќе се одржи утревечер во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 19 часот. Влезот ќе биде слободен.

OhridNews