Регулаторните тела од балканските земји, на  иницијатива на македонскиот Совет за раздиодифузија, ќе формираат Балканската мрежа на регулаторни тела (БНРА), за време на состанокот на Европската платформа за регулаторни тела што ќе се одржи денеска во Охрид.

– Целта е подигнување на ефктивноста на регулацијата на медиумите во балканските земји и хармонизирање на регулаторниот пристап кон балканските медиумски проекти како и унапредувањето на соработката меѓу регулаторните тела за медиуми во регионот. – информираат од СДР.

На состанокот на Европската платформа за регулаторни тела, чијшто домаќин е СРД,  ќе учествуваат над 150 претставници од регулаторните тела за медиуми од цела Европа и задкавкаските земји.

OhridNews