Фудбалерот на Манчестер Сити, Марио Балотели со статусите на својот “Твитер“ профил секојдневно ги забавува и изненадува фановите. “Супер Марио“ за 21 декември кој беше означен за датум на крајот на светот, на “Твитер“ напиша : – Крајот на светот ќе дојде кога Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата. Во тоа бидете сигурни.

Како ќе реагира на овие провокации клубот од Енфилд останува да видиме и што ќе му приредат навивачите на Ливерпул на нивниот нареден меѓусебен дуел.

Мх.П.