Марио Балотели се извини за глупоста што ја направи на мечот против Динамо Киев, кога по стартот над Попов заработи црвен картон, а Сити остана со  играч помлку и беше елиминиран од понатамошните натпреварувања.


Италијанецот им се извини на соиграчите, на менаџерот, на фановите на Манчестер Сити и на нашиот Горан Попов.

“Не ми беше намерата да повредам никого. Сакам најискрено да му се извинам на Горан Попов. Јас секогаш се трудам да дадам се од себе. Топката беше во воздух и тргнав по неа со високо подигната нога. Не сакав да имам контакт со Попов, најмалку од се сакав да го повредам“ изјавил Балотели.

Попов со Динамо Киев го елиминираше Сити и во четвртфиналето ќе игра против португалската Брага.