Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели не престанува со изненадувањата за фудбалската јавност. Напаѓачот на Европското првенство ќе го носи бројот девет, а на грбот ќе му стојат две презимиња “Barwuah Balotelli“.

Новото презиме на дресот од “азурите“ на Балотели му е она вистинското додека Балотели му е додадено откако го посвоиле сегашните родители. “Супер Марио“ ново презиме ќе го промовира на мечот со Шпанија на 10 јуни во 18 часот.

Мх.П.