Контроверзниот напаѓач Марио Балотели е пред излезни врати од шампионот на Англија, Манчестер Сити. Балотели вечерта пред мечот со Тотенхем присуствал на забава која траела до вечерните часови.

Англиските медиуми по објавувањето на сликите од Балотели, веднаш ја најдоа замената за проблематичниот италијанец. Пикот го имаат фрлено на колумбиецот Радамел Фалкао, кој се очекува за 50 милиони евра да го засили англискиот премиерлигаш.

Мх.П.