Од денес до сабота, Охрид ќе биде домаќин на 16- та Меѓународна конференција на Клириншки институции во Централна и Источна Европа.

Темите на овогодинешната конференција се однесуваат на влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво.

Предавачи ќе бидат водечки лица од платежните институции, регулаторни тела, централните банки и банкарската индустрија. Во работниот дел од Конференцијата ќе стане збор за локалните платни системи во Република Македонија, процесите на имплементација на СЕПА стандардите во европските земји, и прашањата како меѓусебната поврзаност и пристапност. Ќе се обработат и теми во врска со земјите со забрзан економски раст, попознати како BRICS групата со осврт на влијанието на платните системи како стабилизатор, олеснувач, или пречка на патот до побрз развој, и за на крај, погледот од највисоко ниво – улогата на глобалните играчи во платниот систем.

Домаќин на овогодинешната конференција, која ќе се одржи во хотелот Инекс Горица, е Клириншката куќа КИБС- Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје.

OhridNews