Барањето за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието на Македонија е доставено, информираат од Службен весник.
„Согласно со позитивните законски прописи, во однос на поднесеното барање, одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавено во првиот нареден број на Службен весник на РМ, во почетокот на наредната недела“, велат од Службениот весник.