Женската ракометна репрезентација ја извојува втората победа во клафикациите за Светското првенство совладувајќи ја селекцијата на Исланд. „Црвено жолтите“ славеа со 29-21 во рамките од квалификациите кои се играат во Скопје.
Во третата решавачката рунда нашата најдобра женска селекција ќе игра меч да се биде или против репрезентацијата на Турција која исто така има две победи во исто толку натпревари.
Исландската селекција повеќе од добар отпор на Македонија и пружи во првите 15-тина минути. Исланѓаните имаа и водство, додека македонските ракометарки констатно ја стигнуваа негативата. Со серија погодоци избраничките на Симе Симовски се одлепија и го презедоа кормилото во натпреварот. До финишот ракометарките на Македонија стекнаа предност од шест погодоци (16-10).
Во вториот дел Македонија ја смири топката и не дозволи брканица по теренот. Таквото темпо на игра им одеше во прилог на „црвено жолтите“ кои не само што ја задржаа, туку ја зголемија предноста за дополнителни два голови за победа 29-21.
Последната рунда во квалификациската фаза се игра утре.
OhridNews
Фото: 24ракомет