Македонскиот репрезентативец Енис Барди и Леванте не и дозволија шампионската титула на Барселона без пораз, откако пред своите гледачи ја совладаа со 5-4. Барди во големата победа постигна два погодоци, а останатите три ги реализираше Емануел Боатенг.

– Секого можеме да победиме и тоа на делот го покажавме. Одигравме со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со вакви игри. – изјави Барди по новиот одличен меч во дресот на Леванте.

Македонскиот репрезентативец веќе има девет гола зад своето име во сезоната, која завршуа следниот викенд.

OhridNews