Екипата на Леванте, забележа нова победа во шпанската Примера совладувајќи го тимот на Бетис со 4-2 на домашен терен. Фудбалерите на Леванте со трите бодови се зацврстија на средината од табелата и мирно можат да го дочекаат крајот во шпанскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја потврди добрата форма со погодок во мрежата на „зелено белите“. Фудбалерот за врска стрелаше прецизно во 35-та минута за зголемување на водството 2-0. За Барди ова е втор погодок во краток временски период, откако мрежата ја погоди на дуелот со Еспањол минатиот викенд.

OhridNews