Неговите маестрални погодоци ги најавија победите против Лихтенташјн и Гибралтар со кои Македонија успеа да ја зачува првата позиција во групата и да обезбеди влез во плејофот за пласман на Европското првенство за две години. Енис Барди смета дека ова е шанса која не смее да се пропушти.

  • На почетокот беше тешко, бидејќи противникот воопшто не размислуваше за нашиот гол. Нашата храбра игра вроди со плод и потоа беше полесно да се игра. Во второто полувреме притиснавме уште повеќе и го решивме натпреварот. Имаме многу квалитет во оваа генерација и шанса која не смееме да ја пропуштиме. Кога ќе се врати и Пандев ќе добиеме и на искуство, затоа што неговото присуство на теренот ни дава мир. – изјави Барди.

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва ќе го добие ривалот во полуфиналето, откако ќе се комплетираат мечевите фазата по групи во Д лигата.

OhridNews