Македонскиот репрезентативец во редовите на Леванте, Енис Барди со голот од слободен удар во 89-та минута ја зачини победата (3-0) на неговата екипа против Реал Сосиедад.
Барди маестрално го изведе слободниот удар и в место го остави чуварот на мрежата на Реал Сосиедад, Џеронимо Ули. За репрезентативецот на Македонија ова трет гол во Ла Лига, а втор во серија после погодок во дербито со Валенсија (1-1).
Сепак, најдобриот потег на мечот беше првиот погодок на Леванте која беше дело на Чема Родригез. Тој во леј надвор од 16-те метри ја погоди мрежата и го крена стадионот на нозе.
Леванте после пет одиграни мечеви има две победи и три нерешени средби и со 9 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата.
OhridNews