Фудбалерите на Леванте запишаа нови три бодови на контото во Ла лига совладувајќи го Еспањол на гостински терен со 3-1 (1-1).

Леванте подобро го отвори мечот и поведе со 1-0, но домаќините возвратија и на одмор двете екипи заминаа со по еден постигнат погодок. Леванте преку Енис Барди го врати водството. Македонецот прецизно стрелаше во 67-та минута. До крајот на мечот Леванте постигна уште еден гол со кој ја завери победата.

Леванте со 38 бодови се зацврсти на средината од табелата и во голема мера обезбеди опстанок во шпанското елитно фудбалско друштво.

OhridNews