Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, во сабота во хотел Инекс Горица, во Охрид, ќе одржи предавање на тема: „На патот кон ЕУ – партнери во реформите за нашата заедничка Европска иднина“.

Баросо  и високиот европски претствник Штефан Фуле деновиве ќе престојуваат во официјална посета на Македонија, во рамки на која во Охрид ќе остварат средби со претседателот Иванов, премиерот Груевски, но и со Али Ахмети и Бранко Црвенковски. Оваа двојна посета доаѓа во период кога Македонија ги подготвува предвремените избори.

Посетата на Македонија е дел од нивната заедничка турнеја на Балканот, во рамки на која Баросо и Фуле ќе ги посетат Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

OhridNews