Баросо смета дека сега е време да се реши спорот за името на нашата земја
09.04.11 19:06
Сега е момент да се реши спорот за името кој стои на патот на земјата кон ЕУ, смета претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, кој денеска престојуваше во официјална посета на Македонија. Тој се сретна со државниот врв и одржа предавање за европските перспективи на Македонија на кое истакна дека добил лично уверување од грчкиот премиер дека ќе се заложи за надминување на спорот.
– Имаше многу состаноци, одржани и под покровителство на ОН, како и директни контакти на премиерите Груевски и Папандреу. Папандреу ме увери во неговота лична заложба да се изнајде решение, така што сметам дека ова е можност што не смее да се испушти.Јас многу добро разбирам колку голема е чувствителноста по однос ова прашање, како и впрочем сите прашања што се поврзани со идентитетот. Знам за историјата, знам колку се длабоки емоциите за ова прашање, тоа го почитувам, но дозволете ми да ви дадам пријателски совет – Решете го прашањето сега , порача Баросо.
Дека спорот За името ги обременува и односите на Македонија со Унијата посочи и забелешката на новинарите до Баросо, дека ниту еднаш не го изговори уставното име на земјата во која престојува.
– Причината поради која не го споменав името на вашата земја, било на начин што вие тоа го користите било дали некој така го употребува намеѓународни рамки, е токму тоа што јас сакам да видам решение на тој проблем. Сметам дека повеќе ќе придонесам во изнаоѓањето решение, доколку избегнувам користење конкретна формула на името, бидејќи навистина верувам дека суштината на проблемот е поважна од формулацијата што можеме да ја употребиме денеска овде или на друго место. Според тоа, јас веќе неколку години наназад правам се што е во моја моќ, вложувам најдобри можни напори да ги поддржам напорите на вашата земја и на другиот релевантен партнер за ова прашање, со цел да се најде долготрајно решение. Токму поради тоа, потребно е некогаш да се фокусираме не на моменталниот проблем, туку на идното решение, додаде претседателот на Европската комисија.
Баросо доби уверување од македонскиот државен врв дека земјата ќе направи се што е во нејзина моќ да се разреши, како што беше истакнато, овој уникатен проблем, но не на штета на националниот идентитет кој под притисок на Грција се оспорува и во официјалните документи на ЕУ, како што тоа неодамна беше случајот со јазикот.
-Сигурен сум дека како претседател на ЕК и како личност силно посветена на принципите на почитувањето на европскиот културен и јазичен диверзитет не е потребно да бидете убедуван дека јазикот на кој сега ви се обраќам е македонски јазик и затоа апелирам до Вас како личност која длабоко е посветена на зачувувањето на идентитетот културата и јазикот, да го преземето водството за надминување на овој фундаментално неправеден пристап кон Р. македонија и неговите граѓани.-истакна претседателот Ѓорѓе Иванов.
Претседателот на ЕК, Баросо попладнево во хотелот Инекс Горица оствари средба со лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДУИ, Али Ахмети, по што отпатува од Охрид.
Утре, 15 јули во џез клубот Џез Ин ќе се случи концертна промоција на албумот “Transverse” Она што го прави овој настан ексклузивен и неповторлив е дека албумот “Transverse”...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Винковачка“ и „Прилепска“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека еки...
Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го продолжува циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се де...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.