Тој истакнува дека Баросо многу јасно и отворено ќе им соопшти на раководителите на Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија, дека „2011 г. е многу важна за целиот регион. Таа е година на можност да се зацврсти процесот на проширување и сите тие земји да се доближат до Европа. Но, истовремено тој ќе им каже дека тие треба да ја преземат одговорноста и да исковаат проевропски консензус во сите земји и да започнат со решавањето на сите проблеми и пречки утврдени од Комисијата во процесот на зачленување“.
На прашањето дали Баросо има посебна порака за Македонија, која навлегува во предизборен период, Карничниг вели: „Претседателот на ЕК ќе се сретне со Премиерот и Претседателот на Македонија и со водачите на најзначајните политички партии, тоа ја одразува и суштината на неговата порака. Односно, неговата порака ќе биде следнава: со цел да продолжи патот кон Европа, крајно е важно да постои стратегиски консензус внатре во земјата. Еден вид историски договор меѓу различните политички сили, еден вид култура на компромис што води кон европската интеграција, а не на поларизација меѓу различните политички партии. Посебно во еден предизборен период, потребен е дух на компромис и на соработка“.
извор: Makfaks