– Вие добро ги знаете ставовите и на Вашингтон и на Брисел. Во изминатиот период јавно беа соопштувани. Никој од нив не поддржува бојкот, меѓутоа најголем дел од нив имаа разбирање за таквата наша одлука. На крајот на краиштата јас сум тој што не подржува бојкот, и никогаш не сум поддржувал бојкот.Сетете се само 2008, како претседателот на државата, не ја поддржував одлуката на СДСМ да го напушти Парламентот, но бојкотот не е примарна мерка во нормална демократска држава, рече Црвенковски.
На средбата со Баросо, претседателот на СДСМ изразил загриженост за демократскиот амбиент во земјата во очи парламентарните избори, како и за забавените евроинтегративни процеси.
Средба со претседателот на ЕК, оствари и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
–Добивме јасна порака дека не треба да доцниме со реформите, бидејќи тие се осoбeно значајни за македонските граѓани, за стабилноста, мирот и безбедноста но и за економскиот развој на земјата.- изјави Ахмети.