Барселона демантира дека напаѓачот на репрезентацијата на Брегот на слонова коска, Дидие Дрогба се наоѓа во каталонската престолнина и дека ќе потпише договор со освојувачот на шпанскиот Куп.

Дрогба пред пет дена потпиша две ипол годишен договор со кинескиот клуб Шангај Шенхуа, но каталонската телевизија „ТВ3“ објави дека 34-годишниот напаѓач во договорот имал клаузула според која може да си замине доколку за него интерес покаже Барселона.

Демант дека Дрогба се наоѓа во Каталонија на преговори со Сандро Росел ,испратија и од менаџерската агенција која го застапува Дрогба.

Инаку од Барселона објаснија дека нема шанси во нивната соблекувална да пристигне играчот кој во минатата сезона беше кобен по клубот во полуфиналето во Лигата на шампиони. Дрогба го постигна единствениот гол на првиот меч на „Стенфрод Бриџ“.

Неверојатен пресврт, Дрогба ќе потпише со Барселона

“макфакс“
Ohridnews