Актуелниот договор на Пујол истекуваше во 2013 година, претходниот договор на Чави имаше важност до 2014 година, додека Меси ќе го продолжи договорот кој истекуваше во 2016 година.
Овој потег на раководството на Барселона значи дека ја обезбеди иднината на своите најважни фудбалери, официјално, тие во следните седум денови ќе ги потпишат новите договори. Инаку, клубот не ги соопшти финансиските детали.