Фудбалерите на Барселона со нова и убедлива победа над Атлетик Билбао (6-0) ја продолжија битката со Атлетико Мадрид за првата позиција во Ла лига.
Дилемите околу победникот каталонците ги решија во воведните десет минути. Лионел Меси погоди од белата точка, а претходно Морено доби директен црвен картон.
После половина час Нејмар го дуплираше водството и ја најави канонадата на голот од баскијците. Во вториот дел Луис Суарез три пати ја погоди мрежата на гостите од Билбао, а голгетерското шоу го комплетираше Иван Ракитиќ.
Резултати : Валенсија – Рајо Ваљекано 2-2, Реал Мадрид – Спортинг Хихон 5-1, Гетафе – Еспањол 3-1, Лас Палмас – Атлетико Мадрид 0-3, Барселона – Атлетик Билбао 6-0.
Табела : Атлетико Мадрид 47, Барселона 45 (-1), Реал Мадрид 43, Виљареал 40, Селта Виго 34..
OhridNews