Фудбалерите на Барселона и Атлетик Билбао вечерва во Мадрид, на
стадионот „Винсенте Калдерон“, ќе го одиграат финалниот меч во
националниот Куп.

Натпреварот во Мадрид ќе биде воедно и дуел на двете најтрофејни екипи
во купот на Шпанија – Барселона и 25, а Атлетик Билбао 23 титули во ова
натпреварување. Овие две екипи играа во финалето и во 2009 година, тогаш
во Валенсија победи Барселона со 4:1.

Финалето на купот е последна можност Каталонците да стигнат до еден
трофеј во сезоната, Барса ја загуби титулата во првенството од Реал, а
во Лигата на шампиони беше елиминирана во полуфиналето.

Интересно и покрај тоа што Барса сé уште нема трофеј оваа сезона,
тренерот на Атлетик Билбао, Марсело Биелса, смета дека екипата од „Камп
Ноу“ е најдобриот тим на светот.

„Барселона е најдобриот тим на светот. Доколку сакаат да победат во
финалето моите играчи ќе мора да играат на максимално ниво, да бидат
прецизни и точни како тим. Тоа би ни помогнало да го намалиме
интензитетот на нивната игра“, рече Биелса.

За разлика од некои дуели во првенството и во Лигата на Европа, Атлетик
Билбао овојпат сигурно не е фаворит, поради тоа се очекува интересен и
неизвесен натпревар.

Голот на Барселона ќе го брани Пинто, кој беше стартер на сите
натпревари во купот, но Биелса смета дека тоа нема да ја наруши играта
на противникот.

Финалето во шпанскиот куп меѓу Барселона и Атлетик Билбао ќе започне во 22 часот.

“макфакс“
Ohridnews